Гостивар
130.000 долари за проекти на невладини во Гостивар, општината влезе во втора фаза на Reload програмата

Општина Гостивар влезе во втората фаза од Reload програмата на УНДП, преку која ќе се финансираат проекти од невладини организации. За таа цел, обезбедени се вкупно 130.000 долари, а јавниот повик за заинтересираните ќе биде објавен во јануари 2022-ра година.
Денес на состанок со граѓанскиот сектор се одредуваа приоритетите.
„Гостивар заедно со Куманово се единствените општини кои продолжуваат со програмата и во втората фаза. Проектите треба да ги подготват невладините организации за доброто на граѓаните, Ние последните четири години многу инвестиравме во развојот на невладиниот сектор и ова е, исто така во таа насока. Ако имаат убави проекти, ќе добијат финансиска помош да ги спроведат“, рече градоначалникот Арбен Таравари.
Reload програмата има за цел да ја зајакне партиципативната демократија и интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија.
„Мило ми е што со Гостивар ќе ја продолжиме соработката. Се надевам дека ќе имаме поголема вклученост од граѓанските организации. Во оваа фаза имаме посебен акцент на младински граѓански организации и проекти кои ќе поддржуваат младински иницијативи“, рече Билјана Ѓоргиевска, проектен раководител.
Пари за избраните проекти ќе се издвојат и од општинскиот буџет. Локалната самоуправа ќе учествува со 25% од вкупната сума.
Првата фаза на Reload програмата почна во 2017, а се заокружи лани. Во Гостивар поддршка добија повеќе проекти од различни области.
Втората фаза на програмата ќе трае до 2024 година, до кога треба да се завршат сите активности за кои ќе бидат одобрени финансии.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022