Вести
Гостивар: Претрчувале преку улица, си добиле казни
Полицијата вчера на тетовско-гостиварското подрачје спроведе уште една од серијата акциски контроли за пешаците. Во период од неколку часа во Гостивар биле фатени 12 пешаци кои не ги почитувале правилата, односно преминувале улици надвор од обележан премин. Тие ќе платат казна и ќе посетуваат час по сообраќајна поука.
Со тетовската контрола вкупно опфатени биле 25 пешаци, при што биле откриени 17 прекршоци. Шест пешаци ги преминувале улиците надвор од обележани премини, пет не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци и наредбите на полициските службеници, исто толку некористеле тротоар, двајца се задржале на коловоз, а еден направил друг вид прекршок. Нивните прекршоци заокружени се со 17 прекршочни платни налози, 14 покани за сообраќајна поука и со 2 писмени опомени.
„Целта на вчерашната акциска контрола е да се придонесе за поголем сообраќаен ред на тетовските и гостиварските улици, со напомена дека глобите за ваквите прекршоци се движат од 25 до 45 евра во денарска противвредност“, соопшти СВР.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград