Поврзи се со нас

Гостивар

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Објавено

на

По повеќе од половина година од објавувањето на конечната ранг листа на добитници на социјални станови во Гостивар, семејствата денес конечно ги добија клучевите и може да се вселат во своите нови домови.

Станови добија 45 семејства во социјален ризик. Клучевите на јавен настан им ги врачуваа премиерот Димитар Ковачевски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, неговиот заменик Беким Реџепи, директорот на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, Зоран Ѓорѓијев и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

„Во време на глобална криза исправени сме пред предизвиците како најдобро да ги заштитиме граѓаните и стопанството. Реалноста е дека економската криза доведе до огромна социјална несигурност насекаде во светот. Од почеток бев свесен дека на Владата што ја предводам еден од приоритетите треба да и‘ биде грижата за најранливите категории на граѓани, тие се најпогодени од кризата. Денес, сите ние заедно решаваме еден ваш горлив проблем, нешто што ве мачело, некои од вас можеби и не верувале дека ќе се случи. Да имаш топол дом и кров над глава за своите деца, семејството значи многу и среќен сум што сите заедно овде во Гостивар ја споделуваме среќата на 45 семејства на кои им врачуваме клучеви од нивните домови. Многупати сум потенцирал дека сите граѓани во оваа држвата имаат еднакво право на достоинствен и квалитетен живот.“, изјави премиерот.

Бочварски изрази задоволство што после сите препреки од техничка природа и потребните постапки, процедурата е завршена и становите се доделени.

„Сакам на семејствата да ви честитам и да ви посакам многу среќа, да сте живи и здрави и со среќа да ги користите своите нови домови. Многу ми е драго што распределбата на оваа социјална зграда помина успешно. Доаѓав во Гостивар неколку пати и точно ги знам предизвиците со кои се соочивме при сите постапки и за техничкиот прием и за уписот на зградата и за отворањето на постапката за распределба , а денес го заокружуваме овој момент така како што ветивме“, кажа министерот.

Кратко обраќање пред присутните имаше и градоначалникот Таравари.

„Посебна чест и задоволство ми е кога се промовира проект наменет за социјално ранливите граѓани. Денеска сме среќни што 45 семејства во Гостивар добија свој дом, се надевам дека набргу истото ќе се случи и за други 25 со сотанатите станови, а зошто да не понатаму и за уште повеќе грашани“, рече тој.

Функционерите заедно со семејствата и дел од останатите присутни на настанот, откако заврши доделувањето на клучевите влегоа и во зградата да ги разгледаат становите.

Објектот е со вкупна површина од 3.000 метри квадратни и располага со 70 станови распределени во два влеза. За становите кои останаа недоделени ќе следуваат други процедури.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена