Поврзи се со нас

Гостивар

50% од направените брзи ковид тестови во Гостивар се позитивни

Објавено

на

Откако почна примената на рапид тестовите во гостиварскиот Здравствен дом, за четири дена биле направени вкупно 103, а секој втор тест бил со позитивен резултат.

„Тестирањето го почнавме од 18 ноември, минатата недела. Од досега направените тестови, 54 биле позитивни, 49 негативни, што би значело дека секој втор пациент е со позитивен наод. Тоа покажува дека матичните лекари кај кои пациентите биле на преглед, соодветно се упатени на тестирање. Ние се трудиме што побрзо, за 30-тина минути да го изработиме и добиеме резултатот, го доставуваме до матичните преку системот „Мој термин“ и така брзо пациентите се регистрирани, добиваат соодветна терапија, се изолираат итн“., изјави Абдулкадир Алији, раководител на лабораторија-Здравствен дом Гостивар.

Првично беше предвидено атнигените ковид тестови да се прават во објектот на Трудова медицина, но се изрши реорганизација и процесот се спроведува во лабораторијата на Здравствениот дом, по 15 часот попладне. За Гостивар, Министерството за здравство за сега обезбедило вкупно 250 рапид тестови, кои не можат целосно да ги покријат потребите.

„Има незадоволство од должината на термините. Тестовите сепак се ограничени (лимитирани), најверојатно потребата е поголема. Но ние немаме услови и можности да покриеме организирање на тестирање преку цел ден, ниту како кадар, ниту пак има толку тестови. Тестирање се врши два до два и пол часа во денот, откако ќе се заврши редовната работа. Сето тоа бара подготовки, сепак како и секаде и нашата служба работи редуцирано. После завршување со тестирањето исто така, мора да се изврши темелно чистење и дезинфекција.“, вели Алији.

Бројот на активно болни во регионот на Гостивар моментално изнесува 793.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена