Поврзи се со нас

Македонија

55% од анкетираните родители дале „Одличен 5“ за онлајн наставата-истражување на УНИЦЕФ

Објавено

на

Истражување на УНИЦЕФ покажало  дека перцепцијата на родителите за онлјан наставата е дека таа е значително подобрена оваа учебна година споредено со лани. Во анкетата биле опфатени 1.793 родители. 55% од нив наставата на далечина ја оцениле со „петка“ или одлично, а 25% со „четворка“ или многу добро.

„Според податоците од истражувањето со родителите може да се заклучи дека има голем напредок во однос на организацијата на наставата и квалитетот на истата, споредено со лани. Оваа година дури 45% од анкетираните родители рекле дека не се соочиле со поголеми потешкотии во однос на организацијата на онлајн учењето на своите деца, додека лани вака одговориле само 19%. Покрај ова, се забележуваат позитивни трендови во однос на сите прашања поврзани со наставата, па така само 14% од нив рекле дека „наставниците им даваат преобемни задачи на учениците“ во споредба со лани кога вака одговориле 29%.“, соопшти Министерството за образование.

Што се однесува до учениците, на прашањето Дали во твоето училиште наставата на далечина се одвиваше според распоред, 100% од нив одговориле потврдно, за разлика од лани кога тој процент бил 22%.

Наодите од истражувањето беа презентирани денес во Скопје, на настан на кој присуствуваа министерката за образование и наука Мила Царовска, Патриција ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ, Рејчел Галовеј, Амбасадорка на Обединетото Кралство во Северна Македонија, Зекирија Хасипи, директор на Бирото за развој на образованието и Тања Иванова, Претседателка на Реактор – Истражување во акција. Истражувањето било реализирано во две фази и споредува податоци од двете учебни години во периодот март 2020 – декември 2020 година.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена