Поврзи се со нас

Македонија

Да се дозволи пациентите сами да одгледуваат канабис и можност приватните лекари да го препишуваат – состанок за измени во законите

Објавено

на

Во Владата, вчера се одржа првиот состанок на „Работна група за подготовка на измени и дополнувања на законодавството за декриминализација, легализација и искористување на медицинските, социјалните и економските придобивки на канабисот”, на кој беа презентирани и потврдени опсегот, мандатот, составот, начинот на работа, како и целите, начелата и основните идеи поврзани со регулацијата на производство и искористувањето на медицинските, социјалните и економските придобивки од билката канабис.

„На состанокот беа поздравени храброста, иницијативата и посветеноста на граѓанскиот сектор, на институциите и на бизнис секторот за подготовка на предлог измени и дополнувања на законските решенија со цел да се обезбеди депенализација и декриминализација на употребата на канабисот за лични потреби, како и да се отвори сеопфатна содржинска дискусија за можностите за легализација. Во македонски контекст, овие измени и дополнувања опфаќаат интервенции согласно меѓународните пракси и тоа во Кривичниот законик, Законот за прекршоците, Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции и Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.“, соопштија од владинаа прес служба.

На состанокот била утврдена потребата да се дозволи, освен лекарите од јавното, и лекарите од приватното здравство да можат да препишуваат препарати од канабис и да се дозволи можност пациентот кој добил препорака за лекување со препарати од канабис да може сам да одгледува и користи канабис во форма која согласно неговата здравствена состојба најмногу му одговара. Исто така, беше постигната согласност за потребата да се прошири листата на специјалистичките гранки во кои канабисот може да се препорачува како лек, прашање кое треба да се регулира со прописи од областа на лековите, велат од Владата.

Работната група ќе преземе и иницијативи за информирање и едукација на широката јавност за сите аспекти од употребата на билката канабис, како и да обезбеди целосно инклузивен процес на консултација со сите засегнати и заинтересирани страни.

На состанокот учествуваа претставници од Министерството за здравство, Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Кабинетот на премиерот, здруженијата на токсиколози, на педијатри, на онколози, Факултетско студентско собрание при Фармацевтски факултет, Здружението на млади кривичари, Хелсиншкиот комитет за човекови права, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, Коалицијата маргини, Здружението Операција Ослободување, Здружението за канабис и зелени политики Билка, НВО коалиција Канабис институт Пелагонија, Здружението на производителите на медицински канабис и од Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 1 минута

Првични резултати на парламентарните избори од 40,7% обработени избирачки места

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Изјава на Дафина Стојаноска, носителка на листа од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ-6

ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Изјава на Талат Џафери, технички премиер

ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Изјава на Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Изјава на кандидатката за претседател на државава, Гордана Силјановска – Давкова

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Постигнат е цензус на претседателските избори, до 17 часот гласале 42,32% од избирачите

ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

До 15 часот во Врапчиште за претседател гласале 7,9% од избирачите, за пратеници 20,8%

ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Излезноста до 15 часот во Гостивар е 26,81% на парламентарите и 18,31% на претседателските избори

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена