Поврзи се со нас

Македонија

72 нови случаи на голема кашлица за една недела во земјава, девет деца хоспитализирани

Објавено

на

Од 15 до 21 март, пријавени се 72 нови случаи на голема кашлица. Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во Скопје – 58, а пријавени се случаи во Куманово – седум, Битола – четири, Дебар и Струга по еден случај, покажуваат податоците од денешниот најнов извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Од новите 72 случаи, девет се хоспитализирани или 12,5 проценти. Станува збор за седум деца на возраст под една година и по едно лице од возрасната група од 15 до 19 години и од 20 до 29 години. Возраста на новитезаболени се движи од 0 до 44 години, а најголем број на случаи се од возрасните групи деца од 10 до 14 години.

„Заклучно со 21 март, во Северна Македонија се регистрирани вкупно 287 случаи на голема кашлица, со инциденца од 15,6/100 000 жители. По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје – 247 (86,1 проценти) со зафаќање на петнаесет различни општини, 12 лица живеат во Куманово, 11 лица се од Тетово, во Битола 6, Гостивар три, по два во Дебар и Струга и по еден случај е регистриран од Струмица, Крива Паланка, Кавадарци и Кочани. Заболените лица се на возраст од 1 месец до 78 години (медијана 11,9 години). Најголем број заболени припаѓаат на возрасната група од 10-14 години (27,5 проценти), потоа се децата на возраст до 4 години (25,4 проценти), односно 41 случај (14,3 проценти) припаѓаат на возрасната група под 1 година, а 32 (11,1 проценти) се деца на возраст од 1 до 4 години“, пишува во извештајот на ИЈЗ.

Од вкупниот број регистрирани случаи – 287, 157 случаи или 54,7 проценти не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани, просечно поминато време од последната доза на вакцина до заболување изнесува 12,6 години.

Од заболените, 44 лица или 15,3 проценти се хоспитализирани, и тоа 38 или 86,1 проценти од нив се на возраст до 4 години.

„Согласно препораките од Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, во периодот од 18.01.2024 досега, сите вакциналните пунктови во земјата, во соработка со епидемиолошките служби од ЦЈЗ, вршат интензивно избарување на неевидентирани, невакцинирани и некомплетно вакцинирани лица, како и на лицата кои подлежат на редовна вакцинација, со цел нивно  повикување и вакцинирање согласно националниот Календар за имунизација“,  се истакнува во извештајот на ИЈЗ.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 33 минути

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 3 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 4 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 5 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 6 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 17 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 19 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 22 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 24 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена