Македонија
Почина Кирил Дојчиновски, легендата на македонскиот фудбал
Утрово на 78-годишна возраст почина легендата на македонскиот фудбал Кирил Дојчиновски.
Тој беше роден на 17. октомври 1943 година во Скопје, ќе биде запишан како првиот Македонец кој настапил на едно Светско фудбалско првенство. Тоа се случи на Мундијалот во Западна Германија во 1974 година. Дојчиновски тогаш како фудбалер на Црвена звезда беше дел од селекцијата на Југославија.
Откако заврши со играчката кариера која ја започна во ФК Вардар, ја почна тренерската. Најпрво работеше во Луис Фирпо од Ел Салвадор со кој стана двократен шампион, беше и селектор на Македонија. Беше тренер и на Вардар, Ираклис, Македонија ЃП, Пелистер, Брегалница.
Кирил Дојчиновски поради огромните заслуги за македонскиот фудбал е добитник на Наградата за животно дело од Македонскиот олимписки комитет.
Вечна слава!
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот