Вести
Небесен спектакл – Метеорскиот дожд Персеиди вечерва го достигнува пикот
Метеорскиот дожд Персеиди кој трае од крајот на јули до средината на авгусг, вечерва (12 кон 13 август) го достигнува својот максимум, односно пик.
Овој небесен спектакл се јавува поради пресекување на патеката на кометата Свифт-Тател од страна на Земјата. При тоа, во атмосферата навлегуваат ситни парченца и зрнца отпаднати од кометата. Поради големата брзина со која навлегуваат низ атмосферата, доаѓа до силно триење при што овие зрнца се загреваат, зажаруваат и запалуваат, оставајќи помал или поголем светлосен траг.
„За жал оваа година на овој датум е полна Месечина па нема да има многу што да се види, освен можеби неколку од најсилните метеори. Но доколку сепак сакате да ги гледате персеидите и доколку биде ведро таа ноќ, одберете си некоја темна локација што подалеку од градските светла, најдете си некое столче или лежалка и гледајте да не ви биде Месечината во видното поле, па што уловите уловите.“, советуваат од Скопкото астрономско друштво.
Според американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА), метеорите можат да се појават каде било на небото и може да изгледаат различно во зависност од кој дел на Земјата се набљудуваат.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот