Занимливости
Најскапата пица во светот чини над 10.000 евра
Најскапата пица во светот чини повеќе од 10.000 евра и се прави во Италија… Може да се нарача во крајбрежниот град Салерно. Пицата е наречена „Луј Тринаесетти“, а рецептот е на готвачот Ренато Виола. Дијаметарот на порцијата е 20 сантиметри, а направена е од специјални состојки… Тестото се прави со органско брашно Арабија и се посипува со розова сол од реката Мареј во југоисточна Австралија. Потоа се додаваат три вида кавијар – „Осиетра ројал престиж“, „Каспија осиетра ројал класик“ од Иран, „Каспија белуга“ и седум вида сирење.
За да се подготви оваа пица потребни се 72 часа.
– Се разбира, има и други состојки. Најскапи се јастозите прекриени со коњак „Луј Тринаесетти“, којшто пак, вообичаено тешко се наоѓа на пазарот, вели Виола.
„Луј Тринаесетти“ се служи со шампањ „Круг кло ду меснил“ или со ликер „Карта реал санчез ромат финос“.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!