Здравје и убавина
Колку време е потребно за да се свари храната во организмот?

Варењето на храната е процес кој зависи од количината и видот на храната што сме ја изеле. Генерално, потребни се 24 до 72 часа храната да помине низ дигестивниот тракт. А колку време му е потребно на човекот да свари одредена храна зависи од полот, метаболизмот, лековите што ги зема, физичката активност, но и од тоа дали има некакви дигестивни проблеми кои би можеле да го забават или забрзаат процесот.
Што е варење?
Варењето на храната е процес на разградување на храната на хранливи материи кои нашето тело може да ги користи. Започнува во устата и завршува на крајот на терминалниот илеум, односно во тенкото црево. Точното време потребно за храната да помине низ дигестивниот тракт зависи од количината и видот на внесената храна. Отпрвин, храната патува релативно брзо низ дигестивниот систем. Во рок од 6 до 8 часа, храната поминала низ желудникот, тенкото и дебелото црево. Кога ќе стигне до дебелото црево, делумно сварената содржина на оброкот може да остане повеќе од еден ден, додека се распаѓа.
Гастроентеролозите забележуваат дека нормалниот опсег за време на транзит на храна низ телото изгледа вака:
празнење на желудникот (два до пет часа)
минување низ тенкото црево (два до шест часа)
минување низ дебелото црево (10 до 59 часа)
транзит низ цревата (10 до 73 часа).
Кога започнува варењето на храната?
Се случува да се чувствуваме сити со часови кога јадеме храна, но и многу брзо после ручекот да чувствуваме глад. Ова се случува поради процесот на варење на храната и неколку други фактори кои влијаат на тоа колку долго може да трае.
Варењето на храната започнува во моментот кога ќе ја видиме храната и ќе ја помирисаме. Како одговор на овие искуства, телото почнува да произведува дополнителна плунка, која содржи ензими кои го активираат варењето. Кога џвакате и голтате храна, вистинската работа започнува во желудникот.
Во желудникот, храната се меша со овие дигестивни сокови, создавајќи водена смеса која поминува во тенкото црево.
Ѕидовите на тенкото црево ги апсорбираат потребните хранливи материи и вода. Дебелото црево потоа го зема она што нашето тело не го користело и се подготвува да ја исфрли таа содржина од телото со движење на дебелото црево.
Колку време е потребно за да се свари храната?
Целиот процес на варење може да потрае неколку часа. Храната генерално останува во стомакот помеѓу 40 и 120 минути. Потоа додадете уште 40 до 120 минути на тоа време за времето поминато на храната во тенкото црево.
Колку е погуста храната, што значи дека има повеќе протеини или масти, толку подолго е потребно за да се вари. Едноставните јаглехидрати, како што се обичниот ориз, тестенините или едноставните шеќери, во просек поминуваат помеѓу 30 и 60 минути во стомакот. Но, ако на кришка леб намачкате дебел слој путер од кикирики, потребни се два до четири часа таа храна да излезе од вашиот стомак. Ако јадете и малку сланина, процесот на варење ќе трае уште подолго.
Течностите побрзо го напуштаат желудникот бидејќи помалку се разградуваат односно обичната вода се вари од 10 до 20 минути, едноставни течности (чисти сокови, чај, газирани ијалоци) од 20 до 40 минути, комплексни течности (смути, протеински шејкови, супи) од 40 до 60 минути.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?