Поврзи се со нас

Македонија

Грковска: Балансерот се злоупотребува, неопходен е модел кој повеќе одговара на сегашните околности

Објавено

на

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во синоќешното гостување во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат истакна дека принципот на соодветна и правична застапеност одигра важна улога и на многумина им даде шанса да бидат вработени во јавната администрација, но дека тоа веќе се злоупотребува и нагласи дека треба да се најде модул кој одговара повеќе на сегашните околности.

– Во еден период, особено по Охридскиот рамковен договор, балансерот, односно принципот на соодветна и правична застапеност одигра важна улога и на многумина им даде шанса да бидат вработени во јавната администрација. Меѓутоа, како поминува времето, како се зголемуваат злоупотребите на балансерот, очигледно е дека тој веќе ја има завршено својата улога. Сметам дека треба да се најде модул којшто повеќе одговара на сегашните околности, нагласи вицепремиерката Грковска.

Таа потенцираше дека Северна Македонија во моментот е во фаза во која е потребен многу поголем квалитет и професионализам кај јавната администрација.

– Го почнуваме процесот за преговори со Европската Унија, скринингот ќе ги покаже сите слабости и ние едноставно ќе мора да преземаме мерки што ќе бидат болни за општеството, поради тоа што скринингот ќе биде брутално реален. Никој нас нема да не штеди во овој процес, оцени Грковска.

Според Грковска, со електронската лична карта ќе се намали ризикот од корупција.

– Незамисливо е да се зборува за дигитална трансформација на општеството без воведување на електронска лична карта, која е основна алатка за дигитализација на услугите во едно општество и во јавниот и во приватниот домен, рече Грковска.

Со нејзино воведување, како што посочи, ќе отпаднат многу коруптивни јазли и ќе се намали ризикот од корупција.

– Во недостаток на електронска лична карта ги користиме можностите на нашите акаунти во Управата за јавни приходи, со чија помош имаме пристап до електронските услуги што досега Владата и министерствата ги имаат направено дигитално, меѓутоа со оглед на тоа што недостига тој дел од Законот за архивско работење, наместо да ги направиме транспарентни и поефикасни институциите, ги успоруваме уште повеќе, оцени Грковска.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Стојаноска: Промените ќе се случат на 8-ми мај, со уште поголема поддршка за бројот 2

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Нешковска: Да ја движиме државата напред наместо да ја блокираме, ве охрабрувам да го дадете гласот за поддршка на бројот 1

ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

СДСМ организираше велигденска забава на плоштадот во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350 граѓани

Здравје и убавинапред 13 часа

Етерични масла против алергии

ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Вечерва на полноќ настапува предизборен молк

Гостиварпред 16 часа

Новата седмица почнува со сонце, ќе продолжи со дожд и ветер

Вестипред 16 часа

Денес е Ѓурѓовден, празник во слава на природата и животот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена