Поврзи се со нас

Парламентарни избори 2024

Нешковска: Да ја движиме државата напред наместо да ја блокираме, ве охрабрувам да го дадете гласот за поддршка на бројот 1

Објавено

на

На крајот од предизборната кампања, пред да настапи молк, кандидатката за пратеник во Изборна единица 6 од редовите на СДСМ, Ема Нешковска го упати својот повик до граѓаните.

„Судбината на државата е во Ваши раце, а одлуката е единствено Ваш избор. Да продолжиме да зборуваме за политики со кои се доближуваме до развиениот свет и со реални решенија да го подобруваме животниот стандард на граѓаните. Да ја движиме државата напред наместо да ја блокираме и задолжуваме за барокни фасади, стиропор, мермерни плочи и жални врби, за позеленети споменици и полу рушени градби. Ајде да ги направиме реалност заложбите за подобри услови за децата, учениците, студентите, за вработените, за пензионерите, за лицата со попреченост, за лицата со ретки болести, за болните за ранливите категории… за сите! Со СДСМ никој не е заборавен и никој не е запоставен, затоа што за СДСМ сите се важни. Исто како што се сите важни за нашиот претседател Стево, кој многу пати покажал дека е на страната на обесправените, маргинализираните и малкубројните. Ве повикувам и Ве охрабрувам да го дадете Вашиот глас за поддршка на бројот 1 и за парламентарни и за претседателски избори.“, истака Нешковска, воедно упатувајќи критики кон политичките опоненти:

„Во изминатиов период, имавме прилика да го слушнеме и видиме лицемерието на ДПМНЕ, кое уште еднаш потврди дека кај нив, ништо не е променето. Се изнаслушавме за проекти, што веќе се реализирани, за наводна заробеност на државата, кога сите живеат слободно, за проблеми врзани со локалната самоуправа, во услови кога 39 општини и градот Скопје се предводени од нив, а во другиот дел се во коалиција со локалната самоуправа како што е случајот во Гостивар, за правда, подобро образование и подобар здравствен систем, кога тие го уништија и урнисаа целиот функционален систем во државата и без нималку срам, денес се појавуваат пред нас и себеси се претставуваат како спасители на Македонија и македонскиот народ. Истите тие, кои беа неми послушници и доследни почитувачи на режимот на Груевски кој што верувам никој не сака да ни се врати. Во изминатиов период, исто така видовме и слушнавме, како наши доскоршни сопартијци и соборци договориле предизборна коалиција со ДПМНЕ и јавно искажуваат поддршка на кандидатката за претседател од ДПМНЕ. Оние, кои до вчера раскажуваа како страдале во времето на режимот, денес работат за да ни го вратат назад. Истите тие, сокриени зад слоганот максимум за државата, а во реалност борбата е максимум за себе и само за себе.“

 

 

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Спортпред 2 часа

Усик стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во 21 век

Спортпред 18 часа

Тајсон Фјури и Олександр Усик по 25 години ќе боксуваат за шампион во тешка категорија

Избори 2024пред 20 часа

ДИК: Прегласување и разрешени избирачките одбори во избирачките места 1470/1, 1470, 1194, 1202, 1844, 1272 и 2101

Гостиварпред 23 часа

Поставени нови иновативни корпи за отпушоци во центарот на Гостивар

Здравје и убавинапред 1 ден

Светски ден на ретката болест порфирија

Спортпред 2 дена

Мбапе ќе потпише 5-годишен договор со Реал и ќе зема 15 милиони евра годишно плата

Македонијапред 2 дена

УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023

Гостиварпред 2 дена

Генералка викенд 2024 – Гостивар заеднички исчистен на неколку локации

Гостиварпред 2 дена

Советот на Општина Гостивар одобри јавно-приватно партнерство за поставување соларни панели на општински објекти

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена