Вести
Денес е Ѓурѓовден, празник во слава на природата и животот
На денешен датум (6 мај) се празнува Ѓурѓовден, празник во чест на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец. Ова е неподвижен празник и секоја година се одбележува на истиот датум. Во неговата симболика се врежани будењето на природата, вегетацијата и величење на животот.
Такви се и обичаите коишто се практикуваат за Ѓурѓовден. Традициите налагаат, плетење на венец од зеленило и цвеќиња, миење со водата во која се потопуваат растенија и бањање во река. Ноќта, наспроти Ѓурѓовден, се собираат зелени гранки во најблиската шума и со нив ги закитуваат вратите и прозорите на куќите. Ова според христијанското верување се прави за бериќет и здравје во домот, а исто така и плодови и род по полето, во трлата и шталите.
Освен празникот Ѓурѓовден што се празнува на 6 мај има уште два празника поврзани со Св. Георгиј и тие спаѓаат во зимски слави, во ноември и декември.
Именден денеска празнуваат: Ѓорѓија, Ѓуро, Ѓурѓа, Ѓоре, Ганка, Ганчо и други.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 3 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница
-
Парламентарни избори 2024пред 2 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6