Гостивар
Внимавајте! Измамници во Гостивар зеле пари од минувач и му дале празна торбичка
Шеесет и четиригодишен жител на гостиварско село, вчера (4 октомври) во 12 часот и 20 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 11 часот на улица „Беличица“ во Гостивар две машки лица, од кои едното зборувало на арапски јазик, го измамиле и му одзеле пари. Станува збор за сума од околу 30.000 денари.
Според пријавеното, тие му ги побарале парите наводно за да ги покажат на сопругата на едното лице и при тоа му оставиле торбичка со девизи како гаранција дека ќе се вратат. Како што е пријавено, откако не се вратиле, тој ја отворил торбата и забележал дека во неа нема девизи и сфатил дека е измамен.
„Се преземаат мерки за расчистување на случајот. СВР Тетово апелира граѓаните да внимаваат, пред се повозрасните и да не наседнуваат на измислени приказни што им ги кажуваат непознати лица.“, нагласуваат од полицијата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот