Поврзи се со нас

Вести

Прво полетување на руски астронаут од САД по 20 години

Објавено

на

Руски астронаут првпат по 20 години полета во вселената од американското тло – од Кејп Канаверал на Флорида до Меѓународната вселенска станица, заедно со уште тројца астронаути, двајца американски и еден јапонски, без разлика на големите тензии поради војната во Украина.

Поради ураганот Ијан, летот на ракетата Спејс-екс со оваа посада беше одложен. Ураганот ја зафати Флорида, земајќи 75 жртви и оставајќи зад себе голема материјална штета.

– Се надевам дека со ова полетување ќе го разведриме небото над Флорида за секого, изјави јапонскиот астронаут Коичи Ваката, на кого ова му е петти пат да оди во вселената.

Со него во петмесечната мисија заминуваат американската потполковничка Никол Мен, американскиот капетан Џош Касада и руската астронаутка Ана Кикина.

Никол Мен е првата претставничка на домородно американско племе во вселената.

Мисијата Спејс-екс треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица 29 часа по полетувањето. Таа таму ќе ја замени американско-италијанската посада, која е на станицата од април.

Ана Кикина од Руската вселенска агенција полетува како замена на американскиот астронаут на НАСА, Френк Рубио, кој пред две седмици отиде во вселената со руската ракета Сојуз од космодромот Бајконур во Казахстан.

Националните вселенски агенции летото се договорија за замената со цел да се обезбеди континуирано американско и руско присуство на Меѓународната вселенска станица што орбитира на 420 километри над Земјата.

Договор е постигнат и покрај глобалните тензии околу руската инвазија на Украина.

Следната замена на посадата на станицата се очекува напролет во 2023 година.

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 6 часа

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 7 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 12 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 13 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 15 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 16 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 18 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 1 ден

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 1 ден

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена