Гостивар
Основци во Гостивар заедно создаваа уметнички дела и се дружеа
Ученици од основните училишта во Гостивар денес учествуваа на настан „Отворена арт галерија“, во рамки на кој создаваа уметнички дела и меѓусебно се дружеа. Настанот се одржа во ОУ „Исмаил Ќемали“, кој како домаќин на подарок ги добива ликовните творби што ги изработија основците, за да ги красат училишните ѕидови.
Активноста ја организираше Центарот за заедничка основа, во склоп на проектот „Зајакнување на отпорноста на локалните заедници на насилен екстремизам во Северна Македонија“, поддржан од Британската Амбасада.
„Веруваме дека овој вид на заеднички настани ќе ги инспирира другите училишта да преземат слични активности за да им помогнат на младите да ги развијат своите вештини за игра на отворено и да го поддржат нивниот когнитивен развој, социјално-емоционалниот развој и да ја зајакнат социјалната кохезија, тимската работа и соработката.“, истакнаа организаторите.
Општина Гостивар е партнер во спроведувањето на активностите, за која цел минатата година беше потпишан Меморандум за соработка.
Арт галеријата денес ја проследија претставници на локалната самоуправа, меѓу кои претседателот на Советот на општината Валбон Лимани и раководителката на Секторот за образование, Аслиан Снопче.
Во знак на благодарност за учеството на учениците им беа поделени симболични подароци.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот