Спорт
КК Гостивар го шокира МЗТ Скопје 79-80
Заврши натпреварот од 2 коло во кое екипата на КК Гостивар славеше во СЦ Јане Сандански против МЗТ Скопје со резултат 79-80.
Одлично прво полувреме одиграа кошаркарите на Гостивар, успевајќи на отворањето на натпреварот да поведат 0-11, домаќините ги консолидираа редовите во последните минути на првиот период добивајќи го истиот (17-16). Гостиварци продолжија со ефикасната игра и во вторите 10 минути, целосно надигрувајќи го шампионот и внесувајќи дури 33 поени во кошот на МЗТ Скопје, на паузата се замина со +12 за „бело-сините“ 37-49.
Во вториот дел домаќините офанзивно влегоа во натпреварот успевајќи да ја преполоват разликата од полувремето, но избраниците на Малинков во тешки 10 минути ја здржаа предноста пред последниот период кој заврши (20-15). На седум минути пред крајот МЗТ Скопје стигна до израмнување 64-64. До крајот на натпреварот следуваше вистинска драма, резултатска неизвесност во која минималната предност се менуваше на двете страни. Гостиварци останаа присебни во последните секунди од натпреварот за конечни 79-80.
Корсантиа беше најефикасен на натпреварот со 19 поени и 10 скока, Маслинко постина 18, Пипкинс 17 поени, кај МЗТ Скопје најрасположен беше Крстевски со 15 поени.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот