Македонија
Таравари: Ако не се изгласаат уставните измени, неизбежни се предвремени избори
В.д. претседателот на Алијанса на Албанците Арбен Таравари се надева дека во овој парламентарен состав ќе бидат донесени уставните измени и дека ќе помине нивното барање од Уставот да се тргне формулацијата „друг јазик кој го зборуваат 20 проценти од населението“.
– Мислам дека ова прашање е веќе апсолвирано и дека има добро расположение и кај македонските и кај албанските партии. Мислам дека постои консензус за тоа. Не е достоинствено за било кој јазик да стои 20 проценти. Мислам дека е достоинствено да стои македонски и албански јазик, рече Таравари во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.
Доколку не се изгласаат уставните измени, според Таравари, неизбежни се предвремени парламентарни избори.
– Ако не поминат уставните измени во овој парламентарен состав, тогаш мислам дека уште долг временски период ќе тапкаме во место и ќе бидеме држава во која нема да има ниту Македонци, ниту Албанци, ниту други етнички заедници бидејќи полека народот се иселува. Ако не поминат уставните измени, може да се случат и предвремени избори. Ако нема договор за уставните измени, мислам дека неизбежни се предвремените избори, подвлече Таравари.
Според него, можеби треба да се размислува и за нов функционален устав бидејќи постоечкиот, како што вели, е „крпен“.
– Убаво е да размислуваме можеби за нов функционален устав. Нашиот Устав, за жал, е крпен устав. Нон стоп е менуван како што евалуирала државата, рече Таравари.
За балансерот вели дека се подготвени да разговараат, но дека треба да се донесе нов закон за правична застапеност.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ