Здравје и убавина
Дивите костени како средство во домаќинството и козметиката
Обичниот див костен е многу популарен за одгледување во паркови и градини во градовите. Но, пчеларите го садат и како плодородно дрво, бидејќи пчелите собираат нектар од неговите цветови.
Најважно – дивиот костен не се јаде. Но, помага при респираторни проблеми, оти тој е антиинфламаторно средство и како таков се користи во медицината и фармацијата. Неговите придобивки и употреба се многубројни и разновидни. Како што пишува бугарскиот портал „24 часа“, има луѓе кои ги собираат костените на улица „за среќа или пари“, или пак, за да се ослободат од негативната енергија… Други, пак, ги користат за да ги одвратат молците.
Рецептот е лесен. Само неколку треба да се стават во гардеробата, шкаф или комода. Се менуваат со нови секој месец. Може да се стават и околу прозорците за да ги изгонат пајаците.
Дивите костени може да се вклучат и во домашната козметика. Корисни се за кожата бидејќи ја негуваат и подмладуваат. Пулпата од костен има силно затегнувачко дејство. Присуството на големо количество танин и калиум го регулира лачењето маснотии и делува опуштачки на мускулите на лицето. Затоа, пулпата може безбедно и удобно да се користи за правење маски за лице.
За тоа, прво треба да се сварат неколку костени, се лупат и се блендираат. Во добиената смеса се додава лажичка мед и лажичка сок од лимон. Оваа комбинација ќе помогне да се отстранат пигментните дамки и лузни од мозолчиња и акни. Добиената еднолична смеса се нанесува на лицето и се остава да делува 15 – 20 минути. Тоа потоа се отстранува со топла вода.
Се препорачува оваа постапка да се повторува двапати во седмицата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените