Поврзи се со нас

Гостивар

Форум за женско претприемништво во Гостивар – Поттик и споделување искуства за повеќе жени бизнис лидерки

Објавено

на

Кои се предизвиците со кои се соочуваат жените претприемачи, како да се поттикнат припадничките на понежниот пол да станат бизнис лидерки, какви се можностите за економски успех. Ова беа темите на кои денес се зборуваше на регионалниот Форум за женско претприемништво што се одржа во Гостивар. Настанот го организираше Националната платформа за женско претприемништво, преку локалниот координатор Викторија Рафајловска.

Од Националната платформа истакнаа дека околу 30% од компаниите во земјава се основани од жени и дека тоа се главно мали бизниси.

„Работиме на терен заедно со локалните координаторки да го пренесеме знаењето и поттикот на жените претприемачки на локално ниво, а тоа понатаму ќе се развива преку обуки, поврзување, вмрежување, активности за да стигнеме да ја подобриме ситуацијата на жените претприемачки. Бројот на жени коиштио се основачи на компании е околу 30% од вкупниот број на компании, но обртот и бројот на вработени е многу помал, од 8 до 9 %. Значи сите сме во микро, мал, нано сегмет, и затоа треба да се зајакнеме, за да имаме посилни компании.“, изјави претседателката на платформата Валентина Дисоска.

На отворањето на настанот свое обраќање имаше и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари кој во оваа прилика ја изрази подготвеноста на локалната самоуправа да го поддржува развојот на женското претприемништво на подрачјето.

Во рамки на Форумот се одржа Панел дискусија на тема „Економски раст, визии и мисии, успешни приказни на жени од полошкиот регион како поттик за идни претприемачки во регионот“, а своја презентација на тема „Трговија со луѓе со цел трудова експлотација“ имаше Jасмина Димитриева, проектен офицер од Канцеларија на Совет на Европа во Скопје.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Сообраќајна несреќа во Гостивар: Повредени пет лица, оштетени пет возила

Македонијапред 3 недели

Нови цени на горивата од полноќ!

Гостиварпред 4 недели

Букви на кирилица и глаголица и македонското знаме на натписот Гостивар во пресрет на 24 Мај

Гостиварпред 4 недели

Осквернавено срцето со македонското знаме и букви на натписот Гостивар

Видео емисиипред 7 дена

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 4 недели

Инцидент во угостителски објект во Гостивар

Гостиварпред 5 дена

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 4 недели

Обновен и разубавен натписот Гостивар во градскиот парк

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 3 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 5 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена