Гостивар
Основците зад шаховска табла – Општински турнир во Гостивар
Ученици од основните училишта во Гостивар денес ги „измеруваат силите“ во шах. Во простории на ОУ „Мустафа Ќемал Ататурк“ се одржува меѓуучилишен општински шаховски турнир за основци, во организација на Шаховскиот клуб Гостивар, на кој учествуваат четириесетина деца од основните училишта.
Турнирот е поддржан од Општина Гостивар, а на отворањето присуствуваше градоначалникот Арбен Таравари.
„Ваквите активности се организираат со цел децата да се мотивираат што повеќе да играат шах. Ова кулминираше со летната школа што ја организиравме, каде за шах многу ученици се пријавија. Турнирот е можност да се откријат нови таленти, кои понатаму шаховскиот клуб ќе ги поддржи и менторира да се равиваат во идни шаховски мајстори“, рече градоначалникот кој во оваа прилика седна зад шаховска табла на пријателска партија со ученик.
Пред да го започнат шаховскиот предизвик, претставниците на гостиварскиот клуб им ги објаснија правилата на младите шахисти, кои пак го користеа времето пред официјалниот старт максимално да се концентрираат за своите потези и стратегии.
Како што информираше претседателот на Шаховскиот клуб Гостивар, Воислав Мерџаноски турнирот ќе послужи и да се направи селекција на млади шахисти кои ќе го претставуваат Гостивар на државното екипно првенство за деца и млади кое го организира Шаховската федерација на Македонија, а ќе се одржи следниот викенд.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот