Поврзи се со нас

Култура

Отворена нова уметничка галерија во Гостивар

Објавено

на

Мал рај за љубителите на уметноста – ова е првиот впечаток што ќе го добиете кога ќе влезете во новоотворената галерија „Стил“ на гостиварската сликарка Дана Крстеска. Ќе ве пречекаат пријатна, топла атмосфера и уметнички дела вредни за восхит. Неизбежно е да се каже дека со оваа галерија, Гостивар доби простор кој му недостигаше, кој зрачи со позитивна енергија и пружа одмор за душата на оние кои ја почитуваат уметноста.

Галеријата не е обична продавница, туку место за духовно издигнување. Ја отворивме водени токму од таа идеја и од фактот што сакавме да ги направиме уметничките дела подостапни за љубителите на уметноста и за сите граѓани. Некои бараат слики за себе, за разубавување на својот дом, други за деловниот простор, трети за уникатен подарок. Сметам дека со нашата понуда можеме да ги задоволиме сите вкусови“, вели Крстеска, која е посветена на сликарство над две децении.

Во галеријата се изложени бројни дела создадени од нејзината рака, со различни мотиви: мртва природа, коњи – препознатливи за творештвото на Дана, женско тело и други. Најголемиот дел се работени во техника масло на платно, но присутни се и пастел, акварел и др.

Освен сликите на Крстеска, во „Стил“ може да се најдат и дела од нејзиниот син Дејан, со кого заедно ќе го менаџираат просторот. „Како што може да се види располагаме со богата и разновидна понуда на слики, но сепак доколку некој бара нешто специфично, подготвени сме да работиме и по нарачка. Вршиме и реставрација на стари слики, како и изработка на икони, што е многу барано последниот период“, вели Дејан.

Галеријата се наоѓа на ул„Илинденска“ до ресторан Амброзија.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 минути

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 2 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 2 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 15 часа

Гостивар во слава на 5 Мај: Да ни е жив и вековит македонскиот јазик!

Македонијапред 17 часа

Денарот слави 32 роденден

ИЗБОРИ 2024пред 20 часа

До 30 април пријавување на болни и немоќни за гласањето на 8 мај

Македонијапред 21 час

Велики петок неработен за православните, Први мај и втор ден Велигден неработни за сите граѓани

Гостиварпред 23 часа

Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар

Гостиварпред 1 ден

Во Гостивар попладнево настан во чест на Денот на македонскиот јазик

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена