Поврзи се со нас

Гостивар

Загрижувачки состојби! Во Гостивар 130 разводи минатата година

Објавено

на

Бракот го губи епитетот на „света заедница“, а разводите стануваат се‘ почеста пракса. Податоците од подрачната матична служба покажуваат дека минатата година во регионот  на Гостивар регистрирани се 130 разводи. Со ова се потврдува дека продолжува трендот на висока стапка на распаѓање на браковите. Истото го бележи и Центарот за социјала чии стручни служби работат на полето на семејната проблематика. Нивните искуства зборуваат дека меѓу главните фактори за разводи се поголеми недоразбирања и нетрпение меѓу партнерите, финансиската криза, последици од разни зависности како дрога, алкохол и коцкање итн.

Она што психолозите го нагласуваат како особен проблем е фактот што партнерите не покажуваат воља да комуницираат, да се сослушаат и да се обидат да ги надминат тешкотиите и предизвиците во брачната заедница.

Што се однесува до склучување на бракови, податоците на матичната служба покажуват дека во 2022-ра година имало вкупно 530. Интересно е што 120 од нив се со странски државјани и тоа најчесто на Германија, Швајцарија и Австрија.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена