Рецепти
Најпопуларниот рецепт за тестенини моментално – Шпагети „Милион долари“
Запечените шпагети со необично име „милиони долари“, моментално се најпопуларниот рецепт во светот за тестенини. Тоа секако го направија социјалните мрежи преку кои се споделува рецептот, но и фактот дека лесно и брзо се подготвуваат.
Состојки:
500 гр мелено месо
1 кромид ситно сецкан
2-3 чешниња лук
Едно пакување шпагети
1 конзерва сос од домати
2 лажици путер
2 мали филџани павлака
2 мали филџани пармезан
парче моцарела сирење
сол, бибер
Подготовка:
Додека се варат шпагетите, во посебно тенџере се динстаат кромидот, биберот, зачините и меленото месо. Кога месото е готово, додадете го сосот од доматите и динстајте уште 15 минути. Во друга тава растопете го путерот, додадете го лукот, измешајте, па додадете ја павлаката, сол и бибер. Варете додека кашкавалот се растопи, да добиете сос. Потоа во тавата додадете ги процедените шпагети и измешајте. Истурете ги шпагетите и сосот во огноотпорен сад, а потоа прелијте ги со сосот од домати и месо. Одозгора ставете моцарела и пармезан. Во загреана рерна се пече околу дваесет минути на 180 степени.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот