Поврзи се со нас

Рецепти

Посен десерт што се топи во уста-Чоко торта со плазма и кокос

Објавено

на

За време на велигденските пости може да се подготват и убави десерти за љубителите на благото. Тортата со чоколада, плазма и кокос е еден од нив…

Состојки:

200 грама посна плазма

200 грама посно чоколадо за готвење

100 грама маргарин

половина чаша вода

6 лажици шеќер

50 грама кокос

2 лажици какао во прав

Подготовка:

Најпрво во подлабок сад искршете ја плазмата на поголеми парчиња. Во тава на тивок оган ставете ги водата, шеќерот, маргаринот исецкан на коцки, издробената чоколада за готвење и какаото и мешајте додека не се растопат сите состојки. Откако ќе се растопат се оставаат на оган додека смесата не зоврие. Кога ќе зоврие, додадете го кокосот, промешајте и прелијте ја плазмата со смесата. Убаво измешајте ги сите состојки. Потоа смесата за колачот истурете ја во калап и убаво израмнете ја со лажица. Оставете ја да се излади, па послужете.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена