Гостивар
Засилени контроли! Во Гостивар откриени неисправни возила, возачи со забрана…
Секторот за внатрешни работи Тетово продолжува со засилени сообраќајно-контролни активности за поголем ред и безбедност на патиштата на тетовско-гостиварското подрачје. Во вчерашната акциска контрола (15 март) реализирана од 14 до 20 часот, вкупно биле откриени и законски санкционирани 11 технички неисправни возила (ТЕ-6 и ГВ-5). Десет од нив имале неисправни сопирачки, а едно неисправни други уреди и системи.
Покрај ова, со соодветни поднесоци биле санкционирани и 4 возачи кои ги управувале возилата без положен возачки испит, еден возач-почетник кој не се придржувал на законски предвидените ограничувања за оваа категорија учесници во сообраќајот, 6 возачи со важечка забрана за управување, 3 возачи кои не носеле возачка дозвола и еден кој го управувал возилото под дејство на алкохол, извести СВР.
Во контролата, исто така, биле констатирани и санкционирани и 8 други видови сообраќајни прекршоци.
Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш ги потсетува возачите навреме да ја проверат техничката исправност на возилата, посебно ако планираат патување на подолги релации и да не седнуваат зад волан беа валидна возачка дозвола и под дејство на алкохол.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ