Поврзи се со нас

Спорт

КК Гостивар денеска го пречекува седмопласираниот Еуроникел

Објавено

на

На три кола пред завршувањето на регуларниот дел од првенството КК Гостивар денска од 19.30 часот ја пречекува екипата на Еуроникел.

Кавадарчани се седмопласирани на табелата, избраниците на Горан Самарџиев имаат обезбедено учество во Топ 8, до крајот на првенството останува да се обидат да заземат што подобра позиција пред почетокот на завршниот плеј-оф. Во досегашниот дел од првенството запишаа 11 победи и 8 порази.

И гостиварци имаат обезбеден пласман на завршната фаза од натпреварувањето, со 13 победи и 6 порази се наоѓаат на 4. позиција на табелата, со можност до крајот на регуларниот дел да се искачат и место погоре.

КК Гостивар и Еуроникел имаат долга традиција во меѓусебните дуели, двете екипи заедно имаат и 4 шампионски титули, во последните 17 меѓусебни пресметки гостиварци имаат три победи повеќе, вкупно 10, наспроти 7 победи на Еуроникел.

Натпреварот во Спортската сала Младост започнува од 19.30 часот, во живо може да го следите ТУКА.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена