Поврзи се со нас

Вести

Израел го ограничи бројот на верници на церемонијата на Светиот оган

Објавено

на

Грчката православна црква (Ерусалимска патријаршија) денеска ја обвини израелската полиција за кршење на слободата на верниците со ограничување на бројот на аџии кои можат да присуствуваат на церемонијата на Светиот оган во услови на зголемени тензии.

Израелската полиција соопшти дека тоа била неопходна безбедносна мерка за време на саботната прослава во древната црква на Светиот гроб од 13 век, изградена на местото каде што, според христијанската традиција, Исус бил распнат, погребан и воскреснал.

Оваа година, церемонијата ќе се одржи по бранот насилство во Стариот град во Ерусалим, предизвикан од рација на израелската полиција на храмот во кој се наоѓа џамијата Ал Акса, третата по важност во исламот.

Тензиите прераснаа во регионален конфликт меѓу Израел и Хамас и напад на екстремистите на окупираниот Западен Брег каде беа убиени две сестри Израелки и нивната мајка.

Минатата година, израелските власти воведоа слични ограничувања за време на церемонијата во црквата на Светиот гроб, а сега најавија дека сакаат да спречат уште една катастрофа како онаа кога 45 лица загинаа во стампедо на еврејското свето место во северен Израел во 2021 година.

Христијанските лидери меѓутоа сметаат дека нема потреба да се менува церемонијата која се одржува со векови.

Православните христијани веруваат дека во саботата пред Велигден пламен се појавува во црквата на Светиот гроб.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 14 минути

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 2 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 3 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 4 часа

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 5 часа

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар: „Сплотени да и‘ го зададеме последниот удар на оваа криминална власт“

Македонијапред 18 часа

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 19 часа

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Македонијапред 21 час

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена