Поврзи се со нас

Гостивар

Прослава на Балаклија во „Света Петка“ во Гостивар

Објавено

на

Православните верници денес го одбележуваат празникот посветен на Мајката божја и нејзините чуда, Источен Петок-Балаклија, кој секогаш се слави на првиот ден петок по Велигден. Источен Петок-Балаклија спаѓа во Светлата недела и со него се оддава признание на Пресвета Богородица, поради тоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име.

За верниците од Гостивар и гостиварско, традиционално централното одбележување на празникот се одвива во црквата Света Петка, најстариот храм во градот, каде утрово, беше отслужена света литургија. Потоа беше извршен чин на осветување на водата, од која граѓаните земаа за здравје. Според обичаите на овој празник, верниците во црквата носат и даруваат велигденски јајца.

На Источен Петок-Балаклија се празнува обновувањето на храмот на Богородица во Цариград, наречен Живоносен Извор, поради чудотворниот извор со вода што се наоѓа во него. Поради тоа што Богородица му ги миела раните на Исус, на овој ден луѓето ги посетуваат изворите и ги мијат лицето и очите, или три пати преку себе префрлаат вода од изворите.

Освен во градската црква Св. Петка, православните христијани од гостиварско традиционално со црковно-народен собир го одбележуваат денот и во селото Долно Јеловце.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена