Македонија
Собир на „буби“ и други олдтајмери
„Буби“ и други олдтајмери денеска може да се видат во Скопје. Станува збор за собир и прослава по повод 13-годишнина од првиот собир на „Буба клуб Македонија“.
Претседателот на овој клуб на историски возила, Тиберие Киријас во изјава за МИА појасни дека најстариот автомобил што може да се види на собирот, датира од 1967 година.
„Официјалниот настан започнува во 12 часот. Во 19 часот, пак, ќе се чекаме пред хотел „Континентал“ за да тргнеме кон клубот на „Ноќните волци“, кои слават 17 години. Ќе прославиме заедно со нив“, вели Киријас.
Автомобили на платото пред црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во центарот на Скопје, покрај од повеќе клубови од нашата држава, има и од Грција – Кефалонија, од Србија – Врњачка Бања, Ниш, Врање, Нови Пазар, како и од Бар во Црна Гора.
Гостите, меѓу другото, ќе ја посетат Старата скопска чаршија, ќе прошетаат и ќе се запознаат подобро со главниот град.
Киријас додаде дека убаво е институциите да можат да поддржат одржување вакви настани, да има повеќе општествено одговорни фирми, бидејќи како што посочи, вакви настани бараат средства за да може да се испочитуваат луѓето кои патувале, на пример, 800 километри од Кефалонија.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!