Спорт
Денеска од 17 часот: Работнички за спас на сезоната – КК Гостивар за полуфинале
Работнички и КК Гостивар денеска го играат вториот четвртфинален натпревар од завршниот Плеј-оф каде тимот од Гостивар има предност од 1-0.
Работнички нема право на грешка во овој дуел, со евентуален пораз тимот од Градски Парк го завршува натпреварувањето за оваа сезона, што не важи и за гостиварци, по убедливата победа на домашен терен пред пет дена, победа би значело пласман во полуфиналето, а пораз мајсторка во Гостивар.
Најтрофејниот кошаркарски клуб веќе неколку години го нема шампионскиот сјај, и сезонава во регуларниот дел од првенството не остави впечаток дека нештата се менуваат на подобро, искористувајќи го слабиот квалитет на лигата во Топ 8 фазата влезе како петтопласиран со 13 победи и 9 порази. Денешните 40 минути се единствената надеж за спас на сезоната за „Центарци“.
Гостиварци по сезоната 2020/2021 и со промената на форматот сезонава повторно се најдоа во една нокаут завршница каде со една нога веќе се во полуфиналето. „Бело-сините“ вечерва во СЦ Кале во Скопје ја имаат првата четвртфинална меч-топка. Со прикажаната игра на првиот натпревар имаат целосно право да се надеваат дека ќе бидат вториот патник во полуфиналето, по МЗТ Скопје кој си ја заврши работата вчера.
Натпреварот во Спортскиот центар Кале е закажан за 17 часот, во живо дуелот може да го следите ТУКА.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот