Македонија
Расте бројот на заболени од рак на кожа
Претседателот на Здружението на дерматовенеролози на Македонија, Андреј Петров вели дека употребата на методата дермоскопија, со која се проверуваат бемки и други промени на кожата, за 60 проценти го подобрило раното откривање на некои типови на рак на кожа. Посочува дека од особена важност е да се детектира во рана фаза ракот на кожа.
-Прегледите кои се помасовно се прават во институциите. Само јас можам да споделам личен пример оваа година пет луѓе со меланома, со најопасниот рак на кожата во мулти стадиум се откриени благодарение што дошле на време. Затоа што излекувањето е сто процентно како да немале болест. Заради тоа сакаме да го свртиме вниманието на јавноста и на медиумите и на сите вас кои помагате во тоа да имаме што поголем број на дермоскопски прегледи на пациентите за да може да ги откриеме рано, во рана фаза овие опасни тумори, рече Петров.
Доктор Петров истакна дека секоја година расте бројот на заболени со рак на кожа, но посочи дека се зголеми и здравствената култура кај граѓаните.
-Процентот на заболени со рак на кожа расте од година во година. Но, она што е добро е дека процентот на луѓето фатени во првичните стадиуми или на нулти стадиум или прв стадиум на болеста е се повисок. Што значи дека здравствената култура расте, методите со кои медицината напредува одат напред и сигурно дека знаењето на колегите дерматолози напредува.Така што, сплет на тие фактори помага да имаме толку голема заштита на пациентите, да не се дозволи луѓето да доаѓаат во напреднати фази каде што веќе болеста е од метастатски тип и каде што може да се помогне. Медицината има современи средства, ама секогаш може да се помогне подобро во првите фази на болеста. Што би рекол „народот подобро е работите да ги спречиме, отколку да ги лечиме“, рече тој.
Под мотото „Да се заштитиме од сонцето, да спречиме рак на кожа”, Здружението на дерматовенеролози на Македонија денеска во Скопје организираше бесплатни дермоскопски прегледи на бемки за граѓаните заради превенција на рак на кожа.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!