Гостивар
Грант од 510.000 евра за техничкото училиште во Гостивар, ќе се вложат во уредување и модернизирање
Средното техничко училиште во Гостивар е едно од четирите во земјава кои добија грантови од Регионалниот фонд за предизвици во соработка со Германската банка за развој и германското Федерално министерство за економска соработка и развој. Грантот за гостиварското училиште е во вредност од 510.000 евра (петстотини и десет илјади евра), а предвидените инвестиции и активности ќе се спроведуваат во партнерство со неколку приватни компании, во насока на поддршка на дуалното образование.
„Со овој грант училиштето ќе биде опремено со современи технолошки алатки кои ќе се инвестираат во уредување на кабинетите во насоките и образовните профили, додека на овој начин ќе бидеме водечко училиште каде теоретското учење и пракса ќе се спроведува со високи стандарди.“, велат од училиштето.
Дуалното стручно образование почна во учебната 2017/18 година, а зголемен интензитет има од 2020/21 година. Сега повеќе од 500 компании се вклучени во овој вид на образование.
„Нашата цел е зголемување на вработливоста на младите и продуцирање на кадри со вештини и компетенции што им се потребни на компаниите и им овозможуваат на младите по завршување на средното стручно образование успешно да влезат на пазарот на трудот или доколку сакаат да продолжат во високото образование. Со помош на нашите европски партнери во стручното образование го воведовме и дуалниот модел на стручно образование. Нивните модели на дуално образование не ги пресликавме во целост, туку воведовме системски елементи кои им се потребни на компаниите од нашата земја. Воведовме дуален модел на стручно образование кој има атрактивен пристап“, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири на доделувањето на грантовите.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар