Поврзи се со нас

Деца Родители

Развод: Што треба родителот да избегнува?

Објавено

на

 

Доколку родителите сакаат да имаат добар развод, а при тоа да не ги повредат децата треба да внимаваат да не се расправаат пред децата. Кога децата ќе видат и ќе слушнат тоа што не треба може да имаат големи последици, може да не сакаат да одат на училиште и да чувствуваат дека треба да останат дома да се грижат за тажниот родител. А што е најлошо тие во тој случај ќе имаат чувство дека ќе треба да одлучат на чија страна да бидат и дека едниот родител ќе треба да престанат да го сакаат.

Разводот и разделбата често доведуваат до голем емотивен набој, важно е силните негативни емоции коишто ги имаат партнерите еден за друг не се искажат пред детето и детето да не биде изложено на различни манипулации. Детето ќе биде збунето доколку слуша лоши зборови за било кој  родителите, поради тоа детето нема да знае кого да сака и кому да му верува. Доколку родителот не може да зборува позитивно за другиот родител пожелно е воопшто да не зборува за него.

Негативните чувства често ги надминуваат границите на здравиот разум, па поради своите негативни емоции забораваат на потребите на детето. Детето мора да живее во светот којшто ќе му го создадат возрасните и подобро е кога тој свет е мирен и добро структуиран. Децата не сакаат да видат како родителите им се расправаат, се чувствуваат беспомошно кога емоциите ќе излезат од контрола. Доколку детето е луто и повредено можеби нема да сака да има врска со родителот од кого е одделено и ќе му биде потребна поддршка и разбирање за повторно да го воспостави добриот однос.

Еден од најштетните и најнепрактични постапки кој може да ги направи родителот е детето да го користи како гласник. Детето најчесто на родителот му го кажува она што тој сака да го слушне и нема да биде објективно. Ваквото однесување кај детето ќе доведе до многу негативни емоции кој ќе му остават последици, тоа ќе постане беспомошно, изолирано, нема да може да го искаже она што го чувствува, ќе чувствува неправда, лутина .

На детето не треба да му се дозволи да има преголема моќ, родителот треба да го задржи својот авторитет. За да се спречи детето да присвои моќ кое доведува до лошо однесување,  потребно е родителите да се договорат за правилата и ограничувањата, при тоа потребно е секој родител поединечно да му се спротистави на детето и да му покаже дека се уште родителот има моќ. Должност на родителот е да биде доследен, праведен и одговорен .

Детето не треба да се оптеретува со непримарни информации. Се што треба да знае детето е дека ќе има дом и ќе има кој да се грижи за финансиите. Премногу непотребни информации детето може само да го збунат.

Детето не смее да се лаже, секогаш треба да им се даде точен одговор. Децата се  главно многу интуитивни и поставуваат многу тешки прашања за кои не постојат едноставни одговори. На таквите прашања најдобро е да им се одговори искрено, а сосема е во ред и да се побара малку време пред да се даде одговорот. Многу родители ги лажат децата со цел да ги заштитат од тага, но многу е подобро да им се каже вистината на начин којшто одговара на возраста, отколку да му се дозволи да живее  во замислен свет кој ја исклучува стварноста и му оневозможува да го води својот живот.

Од сето ова произлегува дека проблемот кај децата не настанува поради разводот  на родителите туку поради начинот на кој се одвива целиот тој систем. Доколку родителите се во состојба да ги следат упатствата за добар развод и одговорно се грижат за децата, во тој случај штетата ќе биде минимална. Ако сите возрасни сфатат колку децата патат, колку е важно да се чувсатвуваат безбедно и колку е важно да разговараат со децата, тогаш сите ќе може да помогнат и ќе го подобрат животот на детето, а со тоа и ќе овозможат детето да развие една позитивна слика за себе .

 

 

пишува: м-р Слаѓана Ангелкоска, психолог

Советувалиште за брак и семејство,

Центар за социјална работа

                     Гостивар

 

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 6 минути

Повредени маж и малолетник во несреќа на патот Дебар-Маврово

Вестипред 3 часа

Православните го слават Велигден, празник над празниците, победа на животот над смртта!

Гостиварпред 12 часа

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 20 часа

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 20 часа

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 21 час

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 22 часа

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 1 ден

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 1 ден

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена