Гостивар
До 3 наутро контрола за алкохолизирани возачи, во Гостивар казнети двајца
Ноќеска (27/28мај) од 21 до 3 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на возачи – дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 11 возачи (Тетово-9 и Гостивар-2) кои управувале под дејство на алкохол.
„Сите се исклучени од сообраќај, изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените парични глоби, кои за овој вид сообраќаен прекршок се движат од 225 до 275 евра во денарска противвредност, зависно од степенот на нивната алкохолизираност, како и со други мерки соггласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.“, информира полицијата.
СВР Тетово апелира до возачите да не седнуваат зад волан доколку претходно консумирале алкохол, зашто на тој начин ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, посебно возачите-почетници. Им се советува, исто така, да не возат пребрзо, односно да ја прилагодат брзината според условите на патот и без исклучок да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ