Гостивар
Комплетно обновена мртовечницата на болницата во Гостивар
Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар отсега ќе има соодветно опремена и уредена мртовечница според потребните стандарди. Болничката управа собра средства преку донации на приватни компании, со кои просторијата комплетно се реновираше и се набави современа опрема, како и четири фрижидери за чување на телата на починатите во болницата.
„Сега болницата има капела која ги исполнува сите европски стандарди. Мислам дека ова многу неодстасуваше на нашата установа. Кога го губиме најблискиот е многу лош и тежок момент, меѓутоа оддавањето последна чест кон починатиот е важна, значи од капелата да биде пренесено телото како што доликува.“, рече директорот на болницата Илбер Адеми.
Бизнисмените донатори денес добија благодарници за дадениот придонес.
„Им честитам на овие хумани луѓе кои смогнаа сили со нивна добра волја и капацитет да дадат придонес за нашата болница. Ова е многу добар, хуман гест за што јас и мојот тим сме многу благодарни.“, кажа Адеми при врачувањето на благодарниците.
Целосното реновирање и уредување на болничката мртовечница е инвестиција од над 20.000 евра.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ