Гостивар
Хумано и солидарно! Крводарителна акција во ОВР Гостивар
Гостиварската полиција повторно на дело ја покажа својата хуманост и солидарност со голем интерес за дарување крв. Во Одделението за внатрешни работи Гостивар денес се одржа втората по ред крводарителна акција за годинава, во која се собрани триесетина единици на крв.
„Горди сме што има навистина голем интерес, пријавени се триесетина крводарители. Моја порака до сите би била: Дарувајте крв, бидете хумани, спасете нечиј живот!“, рече Игор Јовановски, координатор за крводарителство во ОВР Гостивар, кој има дарувано крв 55 пати.
Акцијата се организира и спроведува во соработка со Општинската организација на Црвениот Крст Гостивар и службата за трансфузиологија на гостиварската болница.
Преку крводарителните акции вработените во ОВР Гостивар ја искажуваат нивната несебичност и хуманост и на најконкретен начин партиципираа во континуираните напори и активности за афирмација и унапредување на крводарителството на овие простори, наведуваат од полицијата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот