Поврзи се со нас

Гостивар

Електричните тротинети да не се возат по улици, апелира полицијата и најавува интензивни контроли

Објавено

на

Секторот за внатрешни работи Тетово ги засили, а во наредните денови уште повеќе ќе ги интензивира планираните контроли на лицата кои управуваат електрични тротинети и кои не се придржуваат на сообраќајните правила и прописи што се однесуваат на оваа категорија учесници во сообраќајот.

СВР Тетово ги потсетува сопствениците на електрични тротинети дека согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (член 130) тие треба да се движат исклучиво по велосипедски патеки или велосипедски ленти, но не и по самите улици. Доколку нема вакви патеки и ленти тие треба да се движат по тротоари, меѓутоа не во група и не со брзина поголема од 6 километри на час, а на патеки и ленти со брзина не поголема од 20 километри на час. Електрични тротинети не смеат и не можат да управуваат лица помлади од  14 години, не смеат да влечат или туркаат предмети, животни и слично.

Покрај ова, на лицата кои управуваат електрични тротинети им се советува задолжително да носат заштитен шлем, односно кацига и рефлектирачки елеци, особено во доцните попладневни и вечерните часови. За непочитување на овие препораки и укажувања на оние кои управуваат електрични тротинети или на нивните родители, зависно од возраста, ќе им се изготвуваат поднесоци со парични глоби кои се движат од 50 до 120 евра во денарска противвредност.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена