Поврзи се со нас

Гостивар

Одбележување на Денот на победата над фашизмот во Гостивар

Објавено

на

По повод Денот на победата над фашизмот, 9-ти мај, претпладнево во Гостивар, се одржа собир со положување на цвеќе. Одбележувањето го организираше Општинскиот одбор на Сојузот на борци, а присуствуваа негови членови, продолжувачи на слободарските вредности и традиции и политички претставници.

На настанот, во своето обраќање, Радислав Ѓиноски, претседател на боречката организација меѓудругото подвлече:

„Се навршуваат 79 години од денот кој означи крај на Втората светска војна и победа над фашизмот. Тоа беше не само голема воена победа, туку и победа врз една мрачна идеологија која се закануваше да го покори целиот свет. Во оваа прилика се потсетуваме на страшните бројки предизвикани од Втората светска војна. Во неа беа вмешани 61 земја, во составот на вооружените сили учествувале и биле мобилизирани 110 милиони луѓе. Во војната животите ги загубија над 50 милиони луѓе, од кои 30 милиони биле цивилно население. Најголем број жртви даде тогашниот Советски сојуз со повеќе од 20 милиони, Кина 10 милиони, Полска 6, тогашна Југославија над 1,7 милиони, Грција 420.000 итн. Повеќе од 30 милиони луѓе беа ранети. Овие бројки најдобро потврдуваат што значи војна од светски размери со сите несреќи, разурнувања, пустошења, страдања.“.

Во продолжение на говорот Ѓиноски истакна дека сегашите и идни генерации треба да извлечат поуки од тековите во  минато: „Да се извлечат поуки за никогаш да не се повтори, зашто во нова евентуална војна, последиците би биле многу поголеми“.

На одбележувањето беше споменето и празнувањето на денешниот датум, 9-ти мај, како Ден на Европа, во чест на декларацијата на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во 1950 година, како прв важен чекор во настанувањето на ЕУ.

Настанот се заврши со положување цвеќе пред споменикот на паднатите борци во градскиот парк. Цвеќе положија делегации на одборот на борци, на ОК ВМРО-ДПМНЕ и ОО СДСМ.

Присутните со едноминутно молчење им одадоа на почит на оние кои го положиле својот живот за слобода.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена