Поврзи се со нас

Регион

Русија испрати уникатен брод на Месечината за да бара вода

Објавено

на

Првата руска меѓупланетарна станица „Луна 25“, по речиси 50 години, ноќеска во раните утрински часови беше лансирана од космодромот Восточни и треба да слета во регионот на Јужниот пол на Месечината на 21 август, соопшти компанијата „ Роскосмос“, пренесува Спутник.

„Го чекаме 21 август. Се надевам дека ќе дојде до прецизно слетување на Месечината“, изјави генералниот директор на „Роскосмос“ Јуриј Борисов, говорејќи по лансирањето.

Ракетата „Сојуз 2.1б“ беше лансирана од космодромот „Восточни“ во 2 часот и 11 минути по московско време.
По девет минути, горната етапа на ракетата „Фрегат“ со меѓупланетарната станица „Луна-25“ се одвои од третата етапа на ракетата и тргна во орбитата околу Земјата.

„Луна-25“ ќе биде првата станица што ќе слета во регионот на Јужниот пол на Месечината, кој има многу сложен терен. Претходните станици слетаа во екваторијалните зони. Главната цел на станицата е да ја испита лунарната почва за присуство на вода.

Втората етапа, по одвојувањето на горната етапа на ракетата од станицата, „Луна 25“ ќе лета до природниот сателит на Земјата, што ќе трае околу пет дена. Планирани се две корекции на маршрутата на летот на станицата: првата 1,5 ден по лансирањето, втората еден ден пред да влезе во орбитата околу Месечината.

Кога станицата ќе почне да сопира, ќе започне третата фаза – лет околу Месечината во кружна кружна орбита со висина од 100 километри, што ќе трае три дена .

Во четвртата етапа „Луна-25“ ќе се пресели во елипсовидна орбита за слетување со минимална височина од 18 километри. Конечно, откако ќе се направат пресметките, треба да има слетување во близина на јужниот пол на Месечината, што треба да се случи на 21 август. Се проценува дека станицата „Луна-25“ ќе биде активна една година.

Ова е прва мисија на Месечината во историјата на модерна Русија. Претходната советска станица „Луна 24“ беше лансирана во 1976 година. Потоа на Земјата беа донесени околу 170 грама лунарна почва.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 58 минути

Ноќеска во Добридол лишени од слобода машко и женско лице поради физичка пресметка

Спортпред 2 часа

Манчестер сити четврти пат по ред шампион на Англија

Македонијапред 2 часа

Поевтинуваат бензините и дизелот

Гостиварпред 3 часа

Букви на кирилица и глаголица и македонското знаме на натписот Гостивар во пресрет на 24 Мај

Македонијапред 4 часа

Светски ден на пчелата: Да се намали употребата на пестициди и да се засадуваат што повеќе медоносни растенија

Спортпред 5 часа

Заврши сезоната во ПМФЛ – ФК Гостивар шестопласиран

Македонијапред 5 часа

Не ги давајте личните податоци! Лажни СМС пораки во име на Владата за „доделување надоместок“

Гостиварпред 6 часа

Две лица тешко повредени во судир на мотор и автомобил во Гостивар

Македонијапред 8 часа

Секој трет граѓанин во Македонија размислува да се исели, најпосакувани се земјите од ЕУ

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена