Вести
Повредени две лица во несреќа на раскрсницата кај Барок
Во сообраќајна несреќа која се случила синоќа на раскрсницата меѓу ул„Илинденска“ и „Гоце Делчев“ во Гостивар, со повреди завршиле две лица. Сообраќајката е регистрирана 45 минути после полноќ, а во неа учествувале автомобили „хјундаи“ и „мерцедес“ и двата со тетовска регистрација.
Како што информираат од полицијата, во сударот возачот на хјунадито, 30 годишен жител на селото Жеровјане се здобил со тешки телесни повреди. По добиената медицинска помош во гостиварската болница, поради сериозноста на повредите во пределот на вратот, бил префрлен на клиниките во Скопје. Возачот пак на мерцедесот, 41 годишно лице од тетовска Мала Речица поминал со полесни повреди и по пружената лекарска помош во болницата во Гостивар, бил пуштен дома.
Полициска екипа извршила увид, а првичните сознанија се дека причина за несреќата е недавање првенство.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ