Еден ден со..
ЕДЕН ДЕН СО: Ренато Димитриевски – Бато, капитен на КК Гостивар
“Да гледа НБА во живо – желба од детството”
Утрински ритуали и навики
Утрински ритуали немам, она што внимавам од сабајле е да имам богат доручек бидејќи појадокот е најважиот оброк во денот. Потоа следуваат стандардните подготовки за тренигот кој ме очекува, како и внесување на дополнителни витамини за енергија. За време на викендите доколку нема тренинг или натпревар, утрото го користам за отспијам подолго.
Активности и обврски во работниот дел од денот
Во текот на кошаркарската сезона главните активности и обврски ми се секојдневните тренинзи и викенд натпревари. Исто така, внимавам на правилната исхрана, бидејќи за еден спортист е многу важна. Останатите активности во текот на денот ми се прошетка и релаксација, а во текот на летниот период и одржување на формата.
Исполнување на слободното време
Слободото време најчесто го користам во посета на нашите природни убавини Маврово, Охрид како и пиење кафе со другарите. Исто така, слободото време го користам за одмор и за гледање на некој добар филм.
Откријте ни нешто од листата на неостварени желби?
Секој има неостварени желби, коишто не тераат да работиме напорно за да еден ден си ги оствариме. Неуспехот ме прави силен да не се откажам од зацртаната цел, додека пак успехот ми дава уште поголем мотив за нов поголем успех. Уште како од мал имам желба да присуствувам на NBA натпревар особено на мојот омилен тим Sacramento Kings, како и посета на Лондон, Мадрид и Ерусалим – желби коишто се надевам дека еден ден ќе ми се исполнат.
Омилен начин на одмор и релаксација
Мојот омилен начин на одмор ми е уживање на плажа или некаде на планина со добро друштво: Најчесто се релаксирам со слушање на музика и гледање на добар филм.
Што очекувате од новата кошаркарска сезона?
Како капитен на екипата од минатата сезона која што ни беше многу успешна, очекувам дека не само што ќе продолжиме во исто светло туку и дека ќе напредуваме чекор напред, каде што ќе го дадеме нашиот максимум за што подобар пласман во Првата лига. Гостивар е кошаркарски град кој после една деценија заслужува повторно да се радува на убави спортски моменти.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ