Еден ден со..
ЕДЕН ДЕН СО: Сарита Селмани, кореограф
„Ќеифот и забавата се многу сериозна работа!“
Кои се твоите утрински ритуали и навики?
Утрото за мене е најубавиот дел од денот. Наутро се подготвувам ментално,емоционално и духовно за поефикасно и поенергично да ги извршувам моите физички активности во работниот дел од денот. Денот го започнувам со цеден лимон или грејпфрут и ѓумбир за повеќе енергија, здрав појадок со многу овошје и зеленчук и на крај кафе со сестра ми, музика и многу вода.
Како и со какви обврски ти поминува работниот дел од денот?
Бидејќи со работа почнуваме во попладневните часови, имам време да се подготвам и да дадам се од себе, за да создадам што попродуктивна и повесела атмосфера на час, иако самата работа со толку талентирани децa во денс студиото, како и толку позитивни и убави лица, членови во нашиот фитнессклуб, со кои доживуваме толку ‘WOW’ моменти на час ме инспирираат и ме полнат со толку љубов и благодарност што го прават мојот работен дел од денот воопшто да не се чувствува работно или под притисок.
Со што го исполнуваш слободното време?
Не верувам во слободно време, мислам дека целиот живот е слободен ако бидеме свесни за секој момент и во секој момент ја избираме слободата и секоја работа ја правиме со многу страст и посветеност. Надвор од студиото, омилено нешто ми е да правам ’ништо’, буквално празнење на мозокот и тоа во природа (парк, шума, планина или плажа) заедно со моите најдраги личности, зачинето со многу смеа и забава.
Kако го одржуваш и негуваш изгледот?
Со прифаќање на несовршениот изглед таков како што е се запознаваме со природата и уникатноста што ја поседуваме во нас и тогаш точно знаеме што е потребно за негување и почитување на самите себе без да се споредуваме со другите и без да се трудиме да бидеме дел од лажно и скапо покривање на нашите недостатоци со цел да бидеме еднолични и “совршени”. Се што е штетно за природата е штетно и за нас, така да секоја година се повеќе и повеќе природно ги исфрлувам и станувам свесна за сите лажни, синтетички и непотребни работи кои сум ги користела и конзумирала за се повеќе да се приближам до мојата посилна, побрза, посреќна и понезависна, сирова верзија од себе. Здрава внатрешна и надворешна исхрана, што помалку хемикалии, многу вода, цврст сон, многу сонце како и кршење на моите сопствени правила, без грижа на совест, е мојата тајна.
Твоето животно мото е…
Кеифот и забавата се многу сериозна работа ! 🙂
Место кое посакуваш да го посетиш…
Јапонија.
Кога не би се бавела со музика и танц, која професија би ја избрала?
Кога не би се бавела со музика и танц би чекала некоја политичка партија да ме вработи 🙂 Cум работела многу интересни и неинтересни работи кои ме довеле до тука каде што сум моментално. Верувам во трансформации и во тоа дека секогаш ке бидам under construction, не е чудно во иднина да станам нинџа, мојата голема неостварена желба хахаха..
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар