Вести
Тестирај се! Светски ден за борба против Хепатит
Хепатитот е болест која годишно коси еден милион човечки животи во светот. Денешниот датум, 28-ми јули се одбележува како Светски ден за борба против хепатит.
Податоците покажуваат дека околу 400 милиони луѓе ширум светот се заразени од вирусот, само 5% од нив знаат дека се заразени, а помалку од 1% имаат пристап до лекување. Хепатитот може во целост да се спречи и да се излечи: за хепатитот Б постојат делотворни вакцини и медицински третмани, а над 90% од лицата со хепатит Ц може да се излечат со помош на медицински третман.
Секој може да биде под ризик од хепатит и важно е да се знае како болеста се пренесува. Инфекциите со хепатит Б и Ц се пренесуваат преку загадена крв и загадени игли и шприцеви во објекти за здравствена заштита, како и меѓу лицата кои инјектира дрога. Вирусите може исто така да се пренесат по пат на небезбеден секс и од заразена мајка на нејзиното новороденче.
„Со подобра информираност и познавање на ризиците од хепатит, луѓето можат да спречат заразување и пренесување на заразата на други. За ова да се постигне потребно е луѓето да се тестираат и да дознаат дали има потреба да се лекуваат“, советуваат лекарите.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ