Поврзи се со нас

Технологија

Хакерите можат со „Блутут“ да ја следат полицијата

Објавено

на

Полицијата користи разновидна технологија за следење луѓе – од препознавање лица до базни станици и следење на мобилни податоци. Но, некои луѓе наоѓаат начини да ја користат технологијата за тие да ја следат полицијата. Сигналите на „Блутут“, на пр. може да препознаат каде се наоѓа полицијата, и кога таа користи камери, следачи, па дури и дали има пиштоли за електрошок, пишува „Енгаџет“ (Engadget).

Сите уреди со „Блутут“ имаат единствен 64-битен идентификатор наречен „МАЦ-адреса“. Честопати, таа адреса се состои и од тн. „Организациски единствен идентификатор“ (ОУИ), што во суштина е она коешто „кажува“ кој го направил уредот. Тоа својство на „ИоТ-уредите“ што ги користат многу полициски сили го поврза Алан Микинс, основач на фирмата – „РФПарти“ и истоимената „Блутут“ програма и неговиот соработник Роџер Хикс, со „Акон“ – компанија за електрошокери.

„Има сигнал што се испраќа кога полицаецот вклучува уред за снимање, и којшто луѓето можат да го откријат“, рече Микинс.

Современата полициска опрема е полна „Блутут“ технологија, често произведена од „Аксон“, а тоа се нивните електрошокери, камери и компјутери за во возило. Со трагање по дигиталните записи на компанијата, хакерите можат да го следат ОУИ.

Вклучувањето на „РФПарти“ собира податоци. Ако уредот почне да снима, испраќа „Блутут“ сигнал до други уреди. Ако полицаецот вклучи камера (пиштол за шок или друг „ИоТ-уред“), некој што ја користи таа апликацијата може да ги собере и тие податоци, т.е. подробности за инцидентот.

Ист е случајот и со радиобрановите. Ако некој има опрема за следење на каналите што ги користат службите за итни случаи и го знае јазикот и шифрите што се пренесуваат, тогаш може да го слушне полициското радио.

Претставник на „Аксон“ потврди дека компанијата користи „Блутут“ за спојување на автомобилските системи со мобилни апликации, како и камери. Користењето „Блутут-врска“ помага „да се обезбеди инцидентите да се документираат и уредите да бидат поврзани заради поголема видливост“, според компанијата.

„Аксон“ работи на дополнителни мерки и подобрувања за да ги реши проблемите поврзани со следењето на нашите уреди. Поточно, ротирање на единствени адреси на „БЛЕ“ (познати како „МАЦ-адреси“) што можат да ги идентификуваат нашите уреди, како и отстранување на потребата да се вклучат сериски броеви во „Блутут“ емитувањата“, додаде гласноговорникот.

Ниту една од функциите на апликацијата „РФПарти“ не е наменета за полициско следење – се работи за општа услуга за „Блутут-скенирање“. Но, тука спаѓаат и уредите што ги користи полицијата.

Поседувањето такви податоци, од друга страна, може да значи и злоупотреба, но според познавачи, засега е тешко веројатно дека апликацијата ќе стане популарна во размер каде што податоците ќе бидат достапни за секој таков случај. Сепак, кога полицијата има моќ да користи технологија речиси против секого, има можности и опасност таа состојба да се сврти во обратна насока.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Занимливостипред 16 минути

Црната боја – признак за привлечност, интелигенција, самодоверба, црвената асоцира на ароганција

Гостиварпред 2 часа

Во ОВР Гостивар пријавен напад од основец врз соученик во двор на училиште

Гостиварпред 4 часа

На пазарот во Гостивар „од пиле млеко“ – Цените намалени, торбите пополни

Избори 2024пред 4 часа

ДИК прифати 6 приговори во Петтата изборна единица и еден во Шестата

Македонијапред 5 часа

Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцеларија со тројца вработени

Гостиварпред 7 часа

Две лица нападнати од кучиња скитници во Гостивар

Македонијапред 7 часа

Граѓаните за онлајн шопинг лани потрошиле 573,4 милиони евра

Технологијапред 8 часа

Надграден ChatGPT-Побрз, зборлест, па дури и флертува, ама се‘ уште греши

Занимливостипред 9 часа

Зошто Холанѓаните се едни од најсреќните луѓе во светот?

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена