Технологија
Mr.Beast – кралот на YouTube кој ги соборува сите рекорди

Од минатата година, најследениот Јутјубер во светот, Џими Доналдсон, попознат како MrBeast, продолжи да го акумулира бројот на претплатници на својот канал. Кога во ноември минатата година тој официјално го престигна Феликс Кјелберг, познат по прекарот PewDiePie, кој што имаше повеќе од 111 милиони претплатници. Не помина ниту една година, 25-годишната ѕвезда на YouTube веќе ја проби новата „магична“ граница – од 15 октомври неговиот канал има повеќе од 200 милиони претплатници.
Ова е најголемото достигнување на приватен канал во историјата, а повеќе од него има само легендарниот индиски музички канал T-Series со 251 милион претплатници. Каналот на MrBeast е активен од февруари 2012 година, кога тој имаше само 13 години, а во последните неколку години стекна светска слава преку различни предизвици, споделување пари и други атрактивни содржини, во кои инвестира милиони долари. Секако, тие му се враќаат преку спонзорски договори, разни франшизи (ресторан за брза храна и линија за бонбони, на пример, исто така му носат пари), а Доналдсон има многу интересна деловна стратегија – распределува огромен дел од заработените пари на победниците на неговите предизвици, или едноставно го троши на ново производство.
Покрај рекордот по број на следбеници, делото објавено пред некој ден му донесе уште еден рекорд. Видеото во кое покажува како изгледаат куќите вредни од еден долар до повеќе од 100 милиони долари, во првите 24 часа било прегледано повеќе од 60 милиони пати. Тоа е нов рекорд за немузичко видео на YouTube, а претходниот рекорд го држеше исто така MrBeast, со видео за преживување на сплав објавено во август.
Кон крајот на минатата година, Форбс ја процени нето вредноста на Доналдсон на околу 500 милиони долари, што ги вклучува неговиот канал, студио, бренд и сите франшизи. Во тоа време, се проценуваше дека тој лесно може да стане првиот милијардер на YouTube, на пример, ако реши да продаде малцински удел во неговата компанија.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар