Гостивар
Полицијата на средба со ловечките друштва од Гостивар, Чегране и Врапчиште
Вчера (5 октомври) во Гостивар се одржа средба со претставници на три ловечки друштва од Гостивар, Чегране и Врапчиште, чиј иницијатор и носител беше Отсекот за превенција на Секторот за внатрешни работи Тетово.
На средбата присутните поблиску беа запознаени со одредбите на Законот за лов и Законот за оружје, при што посебно им беше нагласена потребата целосно и без исклучоци безусловно да се почитуваат. Тие, исто така, беа информирани и за законските санкции кои се однесуваат на незаконски лов, и потсетени дека не можат да ловат со туѓо оружје или со оружје кое не е регистрирано, а кое претходно им припаѓало на нивни починати блиски.
„Ловџиите од овие три друштва, пак, на вчерашната средба искажаа нескриено задоволство од досегашната соработка со полицијата и целосно ги поддржаа викенд-контролите кои континуирано се практикуваат есенва и се заложија уште повеќе да се интензивираат. Ловџиите посебно го издвоија како присутен проблемот со поединци кои излегуваат низ ловиштата, а не се членови на друштвата.“, извести портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Вакви средби минатиот месец беа организирани и со претставници на петте ловечки од поширокото тетовско подрачје, односно од Тетово, Брвеница, Теарце и Боговиње.
Целта на овие средби е ловџиите од Полошкиот регион да бидат навреме информирани за сите поединости кои се однесуваат на важечката законска регулатива и однапред да се превенираат можните проблеми на овој план.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок