Гостивар
Гратис за ризичните, 700 денари за останатите-Над 400 вакцинирани против грип во Гостивар до сега
Од почетокот на сезонската имунизација против грип во Гостивар, која се одвива десетина дена, вакцина примиле околу 400 граѓани од ранливите категории. За нив, Министерството за здравство обезбеди бесплатно вакцинирање, а вакцинацијата се спроведува во просториите на епидемиолошката служба на подрачната единица на Центарот за јавно здравје, со закажување преку vakcinacija.mk.
Бесплатна вакцина има за лицата над 65 години, хронично болни, бремени жени и деца од 6 месеци до 6 години, потсети доктор Зорица Зафироска, епидемиолог.
Граѓаните кои не спаѓаат во ранливите групи, може да се вакцинираат на сопствен трошок по цена од 700 денари. И за овие вакцини во Гостивар има интерес, оценуваат лекарите.
Министерството за здравство информираше дека на државно ниво обезбедени се вкупно 60 илјади дози четиритипни вакцини против сезонски грип, наменети за бесплатна вакцинација.
Лекарите нагласуваат дека вакцинацијата е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница