Поврзи се со нас

Регион

Фалсификувани евра внесени во Косово биле изработени во Македонија, соопшти Косовското обвинителство

Објавено

на

По запленувањето на над 85 илјади фалсификувани евра во кованици од по две евра минатиот вторник, Косовското обвинителство соопшти дека фалсификувани монети на европската валута, кои се дистрибуираат во Косово и други земји од регионот, се произведуваат во Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Ова тврдење се наведува во синоќешното соопштение на Обвинителството, по повод неговото барање за одредување едномесечен притвор за шестмината уапсени, од кои тројца македонски и тројца косовски државјани, кај кои на 28 ноември беа откриени метални монети со апоени од две евра, во вкупен износ од 85.010 евра.

Во барањето до Обвинителството кое го пренесе невладината „Заклетва на правдата“, која ја следи работата на косовските судски институции, се вели дека „постои сомневање оти обвинетите Б.А, Ш.А, А.А, С.Р, М.К. и Х.Д., со цел незаконски да се стекнат со материјална корист за себе и за групата, во неверификувано време обезбедиле фалсификувани пари, произведени во Северна Македонија и вкупно 42.505 парчиња метални монети со апоени од 2 евра, во вкупен износ од 85 илјади евра“.

Во барањето е наведено дека осомничените потоа ги ставиле монетите во разни кеси, камуфлирајќи ги за да личат на товари обична стока и ги ставиле во автомобили, а потоа на 28 ноември годинава ги донеле во Косово, каде координирано се сретнале во Генерал Јанковиќ со обвинетите С.Р., М.К. и Х.Д. со цел заедно да го продолжат патот до Приштина.

Според планот на сторителите, во косовскиот главен град била планирана купопродажба на фалсификуваните пари, односно прием и испорака на количината на фалсификувани пари, при што се откриени и идентификувани од полицијата, која интервенира и на дело ги апси одземајќи им ја сумата на фалсификувани пари.

Според барањето на обвинителството, осомничените го извршиле кривичното дело „Фалсификување пари“, санкционирано од член 296 (ст. 1) во врска со член 31 од косовскиот Кривичен законик.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 14 минути

Медицинските сестри ја бараат среќата во странство

Македонијапред 1 час

Кои се старо-нови пратеници, а кој ќе се збогува со Собранието

Македонијапред 3 часа

Средба за формирање на идна Влада

Гостиварпред 4 часа

Тамара од Гостивар освои Гран При на музички фестивал во Белград

ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Течат роковите за приговори за изборите и инаугурација на новата претседателка

Спортпред 6 часа

Комплетирани финалните пресметки во Лига Европа и Конференциската лига, Баер испишува историја

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Макрон и честита на Сиљановска Давкова: Се отвора нова страница кај нашите македонски пријатели

Гостиварпред 7 часа

Централно празнување на Балаклија во „Света Петка“ во Гостивар

Гостиварпред 9 часа

Апел за внимателност до возачите, ноќеска имало одрон на патот Гостивар-Маврово

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена